Диетата трае само три дена, што значи дека лесно ќе ја спроведете, а нејзината главна компонента е, се разбира, јогуртот. Доколку се исплашивте дека три дена ќе треба да живеете само на јогурт, се лажете.
ПРВ ДЕН
појадок: овошен или обичен немасен јогурт со житарици по желба
ручек: динстан зеленчук на маслиново масло со ориз, зачинет само со малку сол и бибер
вечера: исецкајте еден морков, јаболко и 50 грама сувомеснато, па сето тоа испржете го на маслиново масло, а на крајот на оваа немасна салата додадете и немасен јогурт.
ВТОР ДЕН
појадок: салата од јогурт и исецкана краставица
ручек: мисиркино месо испржено на маслиново масло, во кое се додаваат исечкани шампињони, домати и пиперки, а за пиење земете јогурт
вечера: две чаши јогурт помешани со бобинки мешано шумско овошје
ТРЕТ ДЕН
појадок: помешајте јогурт, сирење , исечкано јаболко и малку сол и бибер
ручек: 150 грама филе од ослич со салата од јогурт, исечкана краставица и малку сенф
вечера: 100 грама варени тестенини, помешани со исечкана пиперка, едно варено јајце и прелиени со јогурт.Со него се започнува и завршува денот, а во меѓувреме дозволени се уште некои нискокалорични намирници.
