Здраво тело

И семките од овошјето и зеленчукот се здрави! Овие семки не треба да ги фрламе

Кога го чистиме зеленчукот и овошјето, вообичаено ги фрламе семките кои тоа ги има. Но, постојат такви видови на овошје и зеленчук чие семе е навистина здраво, па доколку го фрлиме ќе се лишиме од голем извор на витамини и минерали.

Семки од тиква

Тие имаат малку калории, и се многу корисни. Го намалуваат нивото на холестерол, и ја намалуваат можноста за појава на остеопороза и камен во бубрегот. Семките од тиква се богати со железо и цинк и имаат антивоспалително дејство.

Семките од доматот

Минијатурните семки во доматот се многу делотворни: го намалуваат крвниот притисок, ја зголемуваат циркулацијата на крвта, а исто така и го прочистуваат телото од токсини. Овие ситни семчиња ја подобруваат работата на срцето. Одлично го забрзуваат метаболизмот, и затоа се препорачува да се јадат домати на оние кои имаат нередовна столица.

Семки од пиперка

Најчесто овие семки ги фрламе. А тие се многу моќни за да го забрзаат метаболизмот и да го поттикнат на работа системот за варење.

Семки од калинка

Многумина од нас не ги јадат калинките токму заради тие ситни семки кои ги имаат. Многу чистење, за на крајот и семките да се плукнат. Но, во иднина голтнете ги. Тие се полни со диетални влакна, што значи заситуваат, и успешно ги согоруваат мастите.

Семки од грозје

Овие семки се богати со есенцијални киселини кои се богат извор на антиоксиданси. Најдобро го спречуваат стареењето, а воедно даваат доволна количина на витамини и минерали за здраво тело.

Write A Comment