Cafe Del Mar

Како да ослабете, но само таму кај што сакате

Со желба да го намалите салото на стомакот започнавте строга диета, но ослабевте сегде, а стомакот ви остана. Ви звучи ова познато? Новата теорија вели дека е возможно да се тргнат масните наслаги од одделни делови од телото.

Нутриционистите велат дека масните наслаги на поедини делови од телото се резултат на хормоналното пореметување.

Телесните процеси се координирани од хормоните, тие “кажуваат” каде да се таложат маснотиите. Дали маснотиите ќе се таложат на стомакот, задникот, околу половината… зависи од специфични хормони.

Познатиот нутриционист Томилсон ја препорачува медитеранската диета која се базира на риба, овошје, зеленчук, здрави масла и исклучување на шеќерот и брзата храна. Таа диета влијае на специфичните хормони и ќе ослабете токму во оние делови каде масните наслаги се најголеми.

За да ги намалите масните наслаги околу половината

Салото над задникот, на струкот и стомакот може да биде и резултат на проблеми со инсулинот, кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Ако тој не е ускладен тогаш тоа води кон таложење на масно ткиво во пределот на струкот. Ако премногу внесувате шеќери ќе го имате ефектот појас за спасување. Храната богата со антиоксиданси може да ви помогне во процесот на топење на масните наслаги. Затоа јадете цимет, чили, брусници, боровинки, брокула, и пијте зелен чај.

За слабеење во пределот на колковите и задникот

Женскиот хормон естроген го поттикнува таложењето на масните наслаги во овој предел. Голем дел од количината на овој хормон го внесуваме со водата и месото. Затоа јадете повеќе овошје, зеленчук, и интегрални житарици. Тие содржат посебни состојки кои помагаат да се врзе вишокот на естроген. Избегнувајте алкохол, седативи, пијалоци со конзерванси. Пијте многу јогурт, тоа ќе ви помогне.

Заоблен стомак

Маснотиите на стомакот сигнализираат на проблеми со надбубрежни жлезди и претерано лачење на хормонот кортизол. Долготрајниот стрес исто така го зголемува нивото на овој хормон. Тој предизвикува зголемено лачење на инсулин, што доведува на таложење на мастите на стомакот. За да се решите од стомакот пробајте најпрво да го намалите стресот. Студиите велат дека одморот влијае на намалување од потребата за калорична храна. Јадете повеќе овошје, зеленчук, житарици, риба и месо, а намалете го внесувањето на шеќер, млеко, млечни производи, вино, пиво, суво овошје, овошни сокови и кафе. Умереното вежбање исто така ќе ви помогне.

 

Write A Comment