Повеќе од една третина од Американците се дебели. Тој податок е потврден и од првата дама, која ги посети јавните училишта се со цел да ја подигне свеста за важноста на здравата исхрана.
Тенката линија зависи од два фактори: навиката за јадење и од физичката активност. Секое непочитување на еден од овие два фактори доведува до здебелување- епидемијата на 21-от век.

Статистиките направени во САД и Велика Бритинија кажуваат дека пациентите со срцеви заболувања, како и билните од рак и дијабетис имаат проблеми со своите килограми. Но од оваа болест не се поштедени нити жителите на земјите во развој кои често се изложени на “западниот” начин на живот, кој сам по себе носи негативни трендови како што се вишокот на килограми.
Но тајната на витката линија не лежи во “магијата” на диетите, кои често се карактеризираат со глад, туку во прехранбениот избалансиран оброк.
Доколку сакате да ги намалите килограмите, што сте ги добиле по враќањето од одмор, ви препорачуваме да се намали конзумацијата на црвено месо, а доколку не можете да му одолеете, одберете парче кое нема да биде многу масно. Исто така, шеќерот и солта доведете ги до минимум. Ако имате огромна желба за чипс, земете печен, затоа што пржениот има многу повисок процент на масти.

Исхраната богата со овошје, зеленчук, жолчки, риба, месо и ниско калорични млечни производи, дефинитивно ќе ви помогнат да ја намалите тежината. Пијте повеќе вода, а отстраните ги слатките газирани пијалоци.
Доколку сакате да видите резултати, физичката активност е неизбежна.Вежбањето согорува многу калории. Доколку не сте во форма, почнете со долги прошетки и џогирање.
