Cafe Del Mar

Како да слабеете дури и во доцните часови од денот

Подоцнежните периоди од денот се одлично време за многу активности – средби, читање на книга, излежување пред телевизорот, проверка на социјалните мрежи, разговори по телефон и сето тоа во овој ред на мисли.

Запомнете дека, сепак, може да ги користите вечерите не само за одмор, но и за нешто корисно. На пример, да работите на загубата на килограми.

Значи, ако во моментов вложувате напор да ослабете, следните неколку совети ќе ви помогнат да го направите тоа побрзо и полесно:

1. Вечерајте храна со ниска содржина на натриум

Експертите советуваат да ја намалите солената храна барем навечер, за да може да се разбудите наутро без непријатното чувство на подуен стомак. Најдобро е навечер да се храните со здрава храна како парен зеленчук, во кои ќе има ниска содржина на натриум.

2. Вежбајте навечер

Ако се грижите дека тренирањето подоцна во текот на денот, ќе го попречи добриот сон – можете да бидете спокојни. Студија од 2013 година покажа дека повеќе од половина физички активни луѓе спијат добро, без разлика во кое време на денот тренираат. Значи, ако ви е поудобно да одите на фитнес после работа, веќе нема потреба да барате изговори тоа да не го правите.

3. Подгответе си ручек за следниот ден

Кога се обидувате да ослабете, вие треба да го намалите бројот на примените калории. Многу полесно е да го направите тоа кога сами ја приготвувате храната што ја јадете. Никогаш не знаете колку точно калорична е храната со која се храните во паузата за ручек. Ако сепак си носите од дома, ќе биде многу покорисно за телото и вашата фигура.

4. Пијте многу вода

Водата помага за прочистување на организмот, што пак ви помага да се ослободите од задржаната вода во телото (и соодветно отокот). За да не треба сепак да одите до тоалетот често во текот на ноќта (добриот сон е од суштинско значење за слабеењето), експертите советуваат да прекинете со водата час пред спиење.

5. Бидете сигурни дека спалната ви е многу темна

Според студија хормонот мелатонин може да му помогне на телото за горење на поголема количина кафеаво масно ткиво. Мелатонинот пак се произведува од телото, кога тоа се наоѓа во целосен мрак. Значи, бидете сигурни дека вашата спална соба е доволно затемнета ноќе.

Write A Comment