Без разлика дали спуштениот задник сте го наследиле од вашите мајки или таков е поради губењето на килограмите и нередовното вежбање, не се обесхрабрувајте-ако сакате да имате неодолив и сатегнат задник продолжете да читате.
Изгледот на задникот може да го поправите со помош на овие едноставни вежби кои нема да ви одземат многу време.
Чучњеви
Застанете исправено со нозте во иста линија со рамениците. Исправете го грбот, испружете ги рацете пред себе, а рамениците држете ги спуштени и зафрлени наназад.
За оваа вежба можете да користите и тегови.
Тргнете со задникот кон подот, како да сакате да седнете, при тоа внимавајќи на колениците да не ја поминат преку прстите на нозете.
Тежината на телото држете ја на петите, а за да ви биде полесно прстите на нозете свиткајте ги нагоре.
За време на клекнувањето држете го грбот исправено и благо навалете се нанапред.
Направете три серии од по осум повторувања.

Расчекор
Нозете држете ги цврсто на подот,грбот исправен, а рамената рамни. Со едната нога исчекорете подалеку напред. повторно бнимавајќи на коленото да не ги премине прстите на нозете.
Поголемиот дел од тежината ставете ја кон предната нога која го изведува чекорот. Виткајќи ги двете нозе во колената, спуштете се кон подот до позиција кога коленото на задната нога само што не го допрело подот.
Не го навалувајте торзото, држете го во центар со исправен ‘рбет. За да имате поголема рамнотежа држете ги стомачните мускули постојано стегнати.
Вратете се во почетната позиција. Направете три серии по осум повторувања на секоја нога.

Мост
Легнете на подот, нозете свиткајте ги во колената, а рацете испружете ги покрај телот. Стегнете ги мускулите на задникот, кренете го истиот колку што можете погоре.
Направете три серии со по осум повторувања, со задржување на позицијата.

