Индексот на телесната маса е општо мерило за идеалната телесна тежина и сите здравствени организации го користат во своите статистики.
Овој индекс е најлесен начин да пресметате дали тежината и висината ви се складни.
Така на пример доколку сте високи 176 сантиметри и има тежина од 84 килограми, вашата висина треба да се помножи два пати, но по овој пример како децимала.
1,76 х 1,76 = 3,0976.
Кога со тој број ќе ја поделите телесната тежина (84 : 3,0976) добивате индекс на телесна маса 27.
Нормалниот индекс на телесна маса е од 18,5 до 25.
Секоја вредност под 18,5 се смета за ненахранетост, додека секоја вредност од 25 до 30 означува прекумерна телесна тежина.
Сè што е над 30 е сериозна дебелина која може да го загрози здравјето.
Колкав е вашиот индекс на телесна маса?
