5 комбинации на храна за полесно согорување на маснотиите
Ако сте се одлучиле да се погрижете за својата телесна линија а и да ја урамнотежите вашата исхрана, изгладнувањето секако не е најдоброто решение. Со некои комбинации на продукти за исхрана ќе го забрзате метаболизмот, маснотиите ќе се топат а притоа ќе имате доволно енергија за секојдневните обврски.
Дознајте кои продукти треба да ги користите, со напомена дека тие вкусни залчиња треба да бидат природни и здрави.
1.Грозје и млеко
Ова комбинација можеби ќе ви изгледа необична, но телото ќе го наполнете со енергија и здравје. Користете варено млеко, а во колку не ќе можете да ја поднесете таа комбинација – поради вкусот, додадете малку житарки.
2.Јајца и печурки
Со ова комбинација дефинитивно ќе се заситите, а притоа не ќе внесете многу калории. Се разбира – немојте да користете масло и леб со ова јадење и дефинитивно ќе ги стопите маснотиите.

3.Салата и двопек
Во свежа зелена салата искршете две кришки двопек а за вкус додадете малку оцет или лимонов сок (нема да ви наштети), капка маслиново масло. Ова комбинација е вкусна и ниско калорична.
4.Леб и мармалад
Уживајте во вкусниот поручек или попладневната ужина и притоа слабејте. Можеби не верувате, но лебот во комбинација со мармаладот се вистински борци во борбата против калориите. Се разбира, притоа изоставете го путерот и изедете две парчиња леб место пет.

5.Датули и папаја
Ова за нас необична салата е богата со антиоксиданси и го поттикнува метаболизмот. Исечете неколку кришки папаја, додадете датули во чинијата и онака лежерно – опуштено јадете додека гледате телевизија без грижа на совеста. Ова комбинација добро ќе ги замени калоричните слатки.
