Квасот од цвекло е многу корисен, содржи компоненти кои ја активираат работата на црниот дроб, бубрезите и цревата. Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека пиењето на квасот од цвекло го спречува развојот на малигните тумори, го чисти црниот дроб, организмот од токсини и други “отпади”, ја отстранува опстипацијата и другите проблеми со цревата. Руската традиционална медицина верува дека квасот од цвекло е најдобар медицински лек за хипертензија, бидејќи го нормализира крвниот притисок на подолг временски период, а корисен е и кај атеросклерозата.
Ова е рецептот кој многу луѓе го користат за чистење на црниот дроб (по агресивна хемотерапија). Процесот на подготовка не е тежок, а достапен е за секого.
Рецепт:
За подготовка на квас од цвекло ќе ви биде потребно:
-Стаклена тегла од 3 литри (уште подобро сад од глина, ако имате)
-700гр цвекло (околу 3 средно свежи цвекла)
-2 лажици брашно – 200гр шеќер
-100гр суво грозје
* Земете свежо измиено цвекло и исечете го на коцки или тенки кришки и наредете го во чиста тегла.
* Додадете го сувото грозје, 2 лажици брашно и 200гр шеќер.
* Наполнете ја теглата со ладна вода зовриена вода и измешајте.
*Теглата затворете ја со пластично капаче или уште подобро со двојна газа (да може квасот да дише) и оставете го на топло место 6-7 дена да ферментира.
*два пати дневно мешајте ја содржината во теглата и по потреба отстранувајте ја пената.
*по 7 дена смесата исцедете ја низ газа и ќе добиете квас од цвекло.
Пијте по 3-4 супени лажици 3 пати на ден пред оброк. Квасот чувајте го во фрижидер.
Откако ќе го испиете целиот квас, тука се завршува првата етапа од чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза 3 месеци и третманот повторете го трет пат.
По една година, вашиот црн дроб ќе биде потполно чист!
Постојат и контраиндикации:
Квасот не се препорачува за оние кои имаат болни бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутна фаза. Во овој случај неопходна е консулатција со лекар. Мора да внимавате и ако имате низок притисок.
