Здраво тело

Мразот во пијалоците е опасен по здравјето поради наслагите од бактерии на него

Секој трет кафе бар и ресторан послужува валкан мраз со што го ризикува здравјето на гостите – открива истражувањето на Агенцијата за заштита на здравјето на Велика Британија.

Во 30% од мразот, машините и приборот за мраз пронајдени се бактерии коишто се наоѓаат на рацете, вклучувајќи и такви коишто се поврзани со лошата хигиена по посетата на тоалетот, како што се ентерококите и ешерихија коли. Најголемиот проблем е лошото одржување на чистотата на машините и лопатките кои персоналот ги користи при ставањето на ледот во чашата што може да резултира и со труење.

„За да биде мразот добар за употреба во храната и пијалоците, водата треба да биде тестирана на бактерии и безбедна за пиење, а сите машини, садови и лопатки треба редовно и темелно да се чистат. И водата и мразот секако мора да бидат свежи, бидејќи во спротивно лоши се по здравјето“ – истакнува Џудита Тапер од Агенцијата за заштита на здравјето.

Write A Comment