Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да го конзумирате секој ден, а каков е за држење на диета – дознајте сами! Нутриционистите советуваат пред почетокот на диетата да користите мед со проверен квалитет, а предонста е дадена на темните видови на мед.
Доколку ја следите оваа диета, можете да изгубите 2 до 3 килограми за само 3 дена!
ПРВ ДЕН
Појадок: 2 меко варени жолчки од јајце измешајте со една лажичка мед. Со оброкот пиете чај со лимон или кафе (без шеќер).
Ручек: 100гр сирење плус 50гр варени моркови плус 50гр броколи плус 50гр варен карфиол. Сето ова изматете го во блендер и направете крем. Додаток – чај или кафе со едно лажиче мед.
Вечера: Чаша бистра супа од зеленчук, едно парче интегрален леб и 1 јаболка/крушка/портокал.
Пред спиење чај со лимон.
ВТОР ДЕН
Појадок: Исто како првиот ден.
Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажица мед и 100гр младо сирење. Со оброкот пиете чај со лимон или кафе.
Вечера: 150гр риба или пилешко филе, мала чиноја од зеленчук и чај со лимон.
ТРЕТ ДЕН
Појадок: Исто како првиот ден плус едно јаболко.
Ручек: 50гр сирење. едно парче интегрален леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.
Вечера: 300гр варен зеленчук, едно меко варено јајце и чаша чај со една лажица мед.
Напомена: Секој ден обавезно изедете половина лимон.
