Доколку спаѓате во онаа група на луѓе кои постојано посегаат по апчиња, штом осетат мала болка, прочитајте го овој текст! Постојат намирници кои ублажуваат разни болки…
Ѓумбир
Ѓумбирот не е делотворен само кај проблемите со желудникот и настинката, тој помага и кај болките во мускулите и зглобовите бидејќи обилува со состојќи кои делуваат против воспаленија. Неодамнешто истражување покажало дека луѓето кои земале капсули од ѓумбир 11 дена се чувствувале 25 проценти помалку болки во мускулите.
Вишни
Неодамнешното британско истражување покажало дека луѓето кои десет дена пиеле по две чаши природен сок од вишни побргу се опоравувале од напорен тренинг во однос на оние кои го прескокнувале овој здрав сок.
Лосос
Лососот е добар доколку имате воспаление на зглобовите. Омега-3 масните киселини помагаат при намалување на болките предизвикани од реуматоиден артритис. Овие киселини исто така го смируваат желудникот.
