Здраво тело

Народни лекови против хемороиди

Дали знаете дека околу 50% од населението ќе доживее хемороиди до 50 годишна возраст? За среќа, постојат голем број на ефикасни народни лекови за хемороидите и бројни совети за превенција.

Хемороидите се резултат од воспалени, потечени вени во ректумот и анусот, што може да се формираат и внатрешно и надворешно.

Овој непријатен проблем е резултат на движењето на дебелото црево, особено кај оние кои страдаат од запек, старите лица и бремените жени.

Симптоми на хемороиди

Најчестиот симптом за хемороидите е присуството на крв. Ако хемороидот е внатрешен, тогаш крвта ќе биде светло црвена, и ќе биде најзабележителна на тоалетната хартија. Ако е надворешен, може да добиете тромб околу анусот или оток.

Генерално вообичаени симптоми се:
-Крварење, оток, чешање, иритација, згрутчување на крвта, или грутки околу анусот, анална болка.
Еве неколку лекови за нивно отстранување.

Јаболков оцет – користење на јаболков оцет е еден од најпопуларните природни третмани за хемороидите. Едноставно натопете памук или тоалетна хартија и намачкајте го иритираното место. Повторувајте го овој процес се додека воспалението не исчезне.

– Кокосово масло – нанесете малку од кокосовото масло директно на хемороидите, исплакнете и повторно повторете го процесот. Хемороидите треба да исчезнат за неколку дена.

– „Aloe Vera“, Истата примена како и претходно.

Мијте се неколку пати на ден и избегнувајте употреба на сапун за да не предизвикате поголема иритација. Користете влажна тоалетна хартија.

Совети за превенција

Клечете не седете – Ова е особено важно иако е доста занемарено. Конвенционалните тоалети се многу неприродни, и може да бидат една од причините што хемороидите ретко се појавуваат во помалку развиените земји.

Бидете активни. Доколку имате вишок на тежина, обидете се да ослабнете. Започнете со вежбање и со губењето на тежината ќе го надминете овој проблем.
Јадете многу овошје и зеленчук. Овие хранливи продукти содржат состојки кои го чистат дигестивниот систем.
Земајте и пробиотици кои се од суштинско значење за балансирањето на бактериите во стомакот.
Останете хидрирани со вода и речиси ќе ги елеминирате сите здравствени проблеми. Водата помага при чистење на вашиот внатрешен систем.

Write A Comment