Здраво тело

Ова е единствениот вид на алкохол кој го спречува ракот на дојка

Истражувањата покажале дека редовното конзумирање на алкохол го зголемува ризикот од карцином на дојка. Но, постои еден исклучок, УМЕРЕНАТА конзумација на црвено вино има спротивно дејство.

Состојките присутни во семките и кожата на црвеното грозје го намалуваат нивото на естроген и предизвикуваат пораст на нивото на тестостерони кај жената, со што се намалува и ризикот од карцином на дојка.

Со тоа научниците им сугерираат на жените кои сакаат да пијат вино, да земат една чаша црвено вино.

Ракот на дојка е многу раширен, само во САД годишно се дијагностицираат 230.000 нови случаеви од овој карцином, а со тоа е водечка болест помеѓу жените.

Прекумерената телесна тежина и телесната неактивност влијаат од 25 до 33% на создавањето на ракот на дојка. Одржувањето на индексот на телесна маса помеѓу 18,5 и 24,9 е клучна промена во начинот на живот кој жените можат да го направат за да го намалат ризикот од создавањето на ракот на дојка.

Write A Comment