Постојат неколку ефикасни начини симптомите на грип да се ублажат во рок од 24 часа и да се спречи развој на болеста.
Настинките и грипот во овој период земаат најголем замав, затоа обидете се што побрзо да ги победите.
Квалитетен сон
Во месеците на вируси спијте што подолго за имунитетот да биде посилен. Најмалку осум часа во континуитет, и подолго ако е потребно. Навечер легнете порано и ќе се разбудите одморени.
Задолжителен појадок
Првиот оброк е многу важен и мора да биде здрав и обилен. Житарки, мед, млечни производи, овошје и зеленчук – ќе ви дадат сила и ќе ја зацврстат одбраната на организмот.
Топла бања
Штом ќе почувствувате болка во коските, легнете во топла купка или истуширајте се со поврела вода. Доволно е стапалата да ги потопите во што потопла вода и да ги држите додека не почувствувате ширење на пријатна топлина низ целото тело.
Инхалација
Први симптоми на грип се затнат нос или течење, па потребно е веднаш да се инхалирате. Вдишете топла пареа на чај од нане, камилица или босилек.
Излезете на воздух
Кратка прошетка ќе ви помогне да се опуштите и освежите.
Збогатени оброци
Додека имунитетот се бори со вирусите, заборавете на оскудни оброци и диети. Помогнете му така што ќе го зголемите внесувањето на намирници богати со протеини, минерали и витамини.
Чаеви и витамини
Наместо трето и четврто кафе, напијте се чај од камилица, кој ќе спречи таложење на слузта во грлото и белите дробови. Земете витамин Ц.
Луто, лук и чашка ракија
Навечер може да испиете една „домашна“ која ќе го дезинфицира грлото, ќе го загрее телото и ќе ја забрза циркулацијата. Јадете рен, лута пиперка и секако лук, кој е одличен борец против бактерии.
