Поентата на антицелулитната диета се состои во употребата на продукти богати со калиум. Имено таа супстанција ја активира размената на материи и ефикасно ги елиминира насобраните и излишни течности и токсини од организмот. Во суштина целулитот не се елиминира со било која диета и ако намалите килограми не значи дека ќе се ослободите и од целулитот.
Како резултат на оваа диета се подобрува работата на дигестивниот систем, се нормализира работата на бубрезите и црниот дроб и ќе се ослободите од хроничниот замор.
Во текот на диетата секојдневно треба да пиете 8-10 чаши вода, а солта и шеќерот се сосема исклучени. Пред трите главни оброци се пие чаша млака вода со исцеден лимон. Со секој одброк јадете и по еден грејпфрут како десерт.
Пред појадок испијте чаша вода во која ќе додадете сок од еден лимон. Појадокот ќе ви биде овошна салата – киви, јаболки, круши, ананас. Грејпфрутот може да се додаде во салатата или да ви биде ужинка за подоцна.
Ручек: парче варена или печена соја, свежа сезонска салата – краставици, домати, зелка, морков, цвекло, магданос на што ќе додадете семки од тиква и лажичка маслиново масло.
Вечера спанаќ, брокули или карфиол на пареа и чаша кисело млеко.
Навечер пред легнување се пие 350 мл зелен чај без шеќер.
Диетата може да трае се додека не сте задоволни со постигнатите резултати. Оваа диета ви гарантира слабеење во рекорден рок.
