Ако сакате да бидете здрави, не смеете да го избегнувате зелениот лиснат зеленчук, особено кељот кој е еден од најхранливите. Тој е добар извор на калциум, магнезиум, витамин К, витамин А, витамин Ц, растителни влакна, железо, фолна киселина, аминокиселини, антиоксиданти флавоноид и лутеин. Лесно се приготвува на разновидни и вкусни начини. Еве зошто е здрав.
Помага за здравјето на коските
Кељот содржи поголем процент калциум по калорија од млекото. Калциумот во кељот доаѓа во комбинација со магнезиумот, кој е неопходен за калциумот да се искористи во организмот. Освен тоа, кељот е еден од најдобрите извори на витамин К, а токму витаминот К е онаа каталитичка супстанција во метаболизмот која регулира дали внесениот калциум ќе биде распореден во коските или ќе остане во крвотокот и ќе се наталожи на некое оштетено место во крвните садови. Затоа редовната консумација на кељ и воопшто на зелен лиснат зеленчук се смета за еден од најефикасните начини за спречување на остеопорозата.
Делува против воспалителните процеси
Заради вишокот на омега 6 масни киселини во исхраната доаѓа до воспалителни процеси, а нашата исхрана е токму таква што внесуваме многу повеќе омега 6 отколку омега 3 киселини (преку производите од растително потекло и рафинирани растителни масла, како што се сончоглед0вото, пченкарното и шафрановото). Од друга страна, имега 3 масните киселини делуваат антиинфламаторно, ублажувајќи ги и спречувајќи ги воспаленијата. Во само 100 калории кељ се содржат 20-25% од препорачаното дневно внесување на омега 3 масни киселини.
Делува превентивно против неколку видови на рак
Истражувањата покажуваат дека консумацијата на кељ не само што ги намалува шансите за настанување, туку му помага на телото да се лекува од 5 вида на рак – рак на бешика, на дојка, на дебело црево, на јајници и на простата. Превентивните својства на кељот се поврзани со необично големи концентрации на два вида на антиоксиданти, каротиноиди и флавоноиди. Од каротиноидите, значајни се лутеинот и бета каротинот, кои имаат антиоксидативни својства и го намалуваат ризикот од развој на катаракта, атеросклероза и хронична опструктивна болест на белите дробови.
Помага за детоксикација на организмот
Докажано е дека изоцијанаите кои во телото настануваат од глукозалинатите од кељот помагаат да се регулира детоксикациската активност во нашите клетки. Тие ја забрзуваат таа активност, а особено сумпорните соединенија од кељот помагаат да се исфрлат токсините од нашиот организам.
Секогаш достапен
Иако се смета за зимско растение, го има во текот на целата година. Во зима е посладок, ако овене или стане браон, малку е погорчлив. Кељот може да се свари, а може и да се јаде сиров или да се додаде во миксер кога се прави сок од зеленчук. Може да се бланшира, да се вари, динста или да се пржи. Може да ги замени спанаќот или зелката. Можете да го исечкате ситно како магдонос и да го додадете во салати или во супи. Ќе му даде боја и специфичен вкус на речиси секое јадење.
