Здраво тело

Што може да ви се случи доколку пиете по 4 кафиња на ден?

Иако големата количина на кафе не е добра за желудникот и води кон несоница, научниците имаат нови докази дека нашиот омилен црн пијалак вушност е многу здрав и дека нè штити од многу болести.

Кај луѓето кои дневно пијат од 3 до 5 шолји кафе, забележан е помал ризик од предвремена смрт како последица од срцеви заболувања, дијабетес и Паркинсова болест и се помалку склони кон депресивна состојба и самоубиство.

Во истражувањето на Харварскиот оддел за јавно здравство биле опфатени луѓе кои или воопшто не пиеле кафе или консумирале помалку од две шолји на ден, а потоа резултатите ги споредиле со резултатите на оние кои пиеле умерена количина од овој напиток, како и на оние кои на ден пиеле и до пет шолји.

– Биоактивните состојки на кафето ја намалуваат отпорноста на инсулинот, а го спречуваат и развојот на воспалителни процеси во организмот, вели Минг Динг, главниот автор на студијата.

Резултатите на истражувањето се темелат на податоци собрани од три големи анкети спроведени помеѓу 300.000 медицински сестри и здравствени работници, кои за време на 30 годишен период редовно пополнувале прашалници за сопствената здравствена состојба и животните навики.

– Повеќе кафе смеат да пијат само здравите лица, кои се придржуваат до здравиот стил на живеење. Трудниците, доилките, лицата со висок крвен притисок и младите би требало да водат сметка за тоа колку кофеин внесуваат во својот организам и не би смееле да претераат во тоа – порачува Франк Ху, коавтор на студијата, кој предава нутриционизам и епидемиологија на Харвард.

Write A Comment