Супа од лук, направена од 50 чешниња лук, црвен кромид и мајчина душица може да победи многу вируси на грип, настинка, па дури и новиот зимски вирус норовирус.

Антибиотиците и останатите лекови се чини дека се повеќе стануваат по неделотворни, и затоа луѓето се вртат кон природата, бидејќи вирусите од ден на ден стануваат се поотпорни и појаки.
На почетокот на оваа година голема загриженост предизвика норовирус, зимски вирус кој предизвикува повраќање. Попознат како Сиднеј 2012 и нема полоши симптоми од останатите но може да предизвика поваќање, диареа и понекогаш температура, главоболка , грчеви во желудникот.
Интересно кај лукот е тоа што мутирањето, промените и новите вируси кај него не играат улога, тој успешно се спротивставува со сите „новопојавени“ и тоа најмногу благодарејќи на хемикалијата алицин. Истражување во Вашингтон универзитетот покажало дека белиот лук е поефикасен и до 100 пати од двата најпопуларни антибиотици во борбата против болести, кои ги предизвикува бактерија, која е најчесто одговорна за болестите кои се пренесуваат со храна.
Супа од лук
Луѓето кои го јадат лукот, намачкан на леб , претходно згмечен и помешан со маслиново масло, скоро секогаш се здрави. Секако , големите истражувања никогаш не се спроведуваат точно за да се утврди делувањето , да се насочи силата на лукот, бидејќи тоа не им е од интерес на големите фармацевтски компании.
Ако му верувате на лукот тогаш направете ја оваа магична супа.
50 чешниња лук (околу 5 главици), исчистени и излупени
2 лажици путер
2 лажици маслиново масло
2 големи главици кромид, сецкани
1 лажица сецкана свежа мајчина душица
6 чаши (250 мл) пилешка бистра супа
1 куп на свежи билки – магдонос, мајчина душица, ловоров лист (или можете да користите исушени билки)
3 чаши бајат леб се сече на коцки
1 чаша мрсна павлака
Загрејте ја рерната на 180 с. Исечете ги врвовите ( 1/3 ) главици лук. Вака припремен лукот полијте го со маслиново масло и замотајте во алуминиумска фолија. Печете во рерна во тепсија 90 минути. Оставете да се олади.
За тоа време загрејте 2 лажици маслиново масло и путер во шерпа на средна температура. Внатре ставете и издинстајте го црвениот кромид ( мешајте често ). Динстајте 10- на минути.
Иситнете го печениот и оладен лук од фолијата и ставете го во издинстаниот црвен кромид. Измешајте убаво, додадете исецкана мајчина душица, и додадете грст од свежите билки ( зачини ). Намалете ја температурата, додајте ги парчињата леб и оставете да крчка 5 минути додека лебот не омекне. Извадете го грстот со билките, па добиената супа миксајте ја во блендер додека не добиете полу-кремаста смеса. Вратете ја во шерпата, ставете обична павлак или павлака за готвење, посолете и додадете бибер по желба.
