Cafe Del Mar

Трчање, пешачење и затегнување на стомакот

Неколку корисни совети и навики поврзани со трчањето и пешачењето, кои ќе ви помогнат како најефикасно да ги затегнете стомачните мускули:

Опуштете се. Стегнатите и згрчени дланки можат да предизвикаат физички стрес за горниот дел од грбот и рамената. Затоа е важно да ги опуштите и отворите дланките.

Запишувајте. Водете забелешки за секојдневниот тренинг, поминатите километри во пешачење или трчање и други детали кои ќе ви помогнат да воспоставите една дисциплина на постојано вежбање и зголемување на мотивацијата.

Брзо одење. Обидете се да пешачите како да брзате за на работа. Умерено темпо на пешачење е за 15-20 минути да се поминат 1,5 километри.

Трчајте или одете по нагорнина. На овој начин ќе согорите 25 до 40% повеќе калории.

Контролирајте ги стомачните мускули. Во текот на целото вежбање, потрудете се стомачните мускули постојано да ги држите затегнати.

Возете велосипед. Според многу анализи направени за фитнес вежбите, се докажува дека возењето велосипед е најдобрата вежба за затегнување на стомакот поради тоа што ги активира сите мускули од тој дел на телото.

Write A Comment