Најверојатно многу од девојките оваа зима ќе се решат да држат некоја диета. Последните студии дефинираат и даваат неколку совети како една диета навистина да биде успешна и набрзо да се почувствуваат резултатите од истата.
Студијата истакнува неколку аспекти на успешното држење на диета.
Најважен сегмент за успешно спроведена диета е „да си ја држите устата затворена“. Имено научниците кои ја изведувале оваа студија објаснуваат дека оние кои споделуваат детали од диетата имаат многу неуспешни обиди. Фактот дека прифаќањето на новиот режим на исхрана многумина го гледаат како некое големо постигнување, придонесува неретко да не се придржуваме до суштината на диетата.
Професорот по психологија Д-р Peter Gollwitzer, кој ја водеше студијата, објаснува дека опасноста од чувството за успех го намалува интензитетот на одржување на самоконтрола.
„Првото правило на диетата е “да го држите јазикот до забите“, и притоа да не го истакнувате својот успех од постигнатото. Опишувајќи ги своите намери само себеси, правиме ментална карта за иднината, а со тоа ги зголемевуваме шансите да тргнеме по патот кој сме го планирале“ – истакнува Gollwitzer.
