Лоша крвна слика, анемија, почеток на многу здравствени тегоби. Доколку имате проблем со тоа, со овој рецепт ќе дојдете до извонредни резултати.
Состојки:
- 200мл мед
- 200г ореви
- 200г суво грозје
- 200мл сок од морков
- 200мл сок од цвекло
- 2 лимуни
Подготовка:
Преполовете ги лимоните и исчистете ги од семките па смелете ги со кора или без (ако се прскани.) Во тоа додадете мед, цеден сок од цвекло и сок од морков и промешајте.
На крајот додадете ги ситно исечканите или смелени ореви и сувото грозје. Ќе добиее околу еен килограм лековита смеса која можете да ја чувате во стаклена тегла. Консумирајте ја три пати дневно по една лажичка дневно пред или по оброкот.
