Cafe Del Mar

За 15 минути вежбање ке добиете цврсти стомачни мускули

Иснтрукторката за фитнес од Лос Анџелес, Кит Рич која има неограничени познавања за тоа какви вежби треба да правите и како да се храните, за да изгледате витко и да бидете здрави. „Најжешките“ ѕвезди од Холивуд се зависни од уникатниот микс на Кит од повеќе дисциплини, кој претставува комбинација од кардио-вежби, јога, пилатес и вежбање со тегови. Таа се однесува со нејзините клиенти, онака како што се однесува со себе: им поставува предизвик, внесува чувства во вежбањето и расположува со својот ведар дух и смисла за хумор.

Таа вели дека доколку ги правите вежбите кои се прикажани во нејзиното видео, ќе почувствувате видливи резултати во намалување на вишокот сало околу стомакот и ќе ги зајакнете мускулите. Трикот е да ги повторувате овие 5-минутни вежби по 3 пати во серија (вкупно 15 минути) и да ги правите 4 пати во неделата. Па што чекате? Притиснете плеј и почнете да согорувате калории.

Write A Comment