Според традиционалната кинеска акупресура на нашето тело се наоѓаат бројни точки со чие што масирање доаѓа до подобро функционирање на целиот организам.
Една од тие „магични“ точки е лоцирана на стапалото помеѓу палецот и прстот што е до него. Се препорачува оваа точка да ја масирате секој ден со мали кружни движења во рок од 2 минути.
Со притискање на оваа точка ќе го подобрите протокот на животната енергија и ќе се решите од следните здравствени проблеми:
-главоболка и вртоглавица
-замаглен вид, црвени, отечени и болни очи
-мачнина, повраќање, затвор и пролив
– лутина, раздразливост, несоница и чувство на тежина

-Оваа точка на стапалото се нарекува уште и точка на меридијан на црниот дроб. Освен веќе наброените симптоми и тегоби кои се отстрануваат со масирањето на оваа точка, таа помага и кај проблеми како чувството на прерипување на срцето, горчлив вкус во устата, регулирање на менструалниот циклус и болката во лумбалниот дел од грбот, вели Петра Бутинар, хомеопат и сопственичка на меѓународната школа за акупунктура, акупресура и електроакупунктура.
