Cafe Del Mar

За да ослабете двојно повеќе од очекуваното…

Наместо да гладувате со денови и да се мачите со броењето калории, едноставно – само два дена во седмицата избегнувајте јаглехидрати, наместо тоа јадете овошје, зеленчук и немасно месо… и ќе постигнете двојно подобри резултати.

Држењето „ строга диета “, два пати во неделата, претставува далеку подобар начин за симнување на килограми, отколку постојаната опседнатост со броење калории, тврдат истражувачите.

Истражувањето открива дека жените кои јаделе овошје, зеленчук и немасно месо, само два пати во една седмица, а во останатите денови јаделе се што ќе посакаат изгубиле двојно повеќе тежина, за разлика од жените кои постојано биле на диета.

Истражувањето спроведено во болница во Манчестер, вклучува 115 жени кои биле ставени на три различни диети.

Првата група земала само 650 калории два пати во неделата, а тие денови, жените не внесувале јаглехидрати: тестенини, леб, компир, односно масна храна. Останатите пет дена можеле да јадат колку што сакаат иако им било препорачано да се придржуваат кон здрава храна.

Жените на втората диета, исто така се воздржувале од јаглехидрати два дена но немале специјален калориски лимит. Во остатокот од неделата, можеле да јадат што сакаат.

Третата група, држеле стандардни диети, што значи 1500 калории дневно секој ден, избегнувале масна храна и алкохол.

После три месеци, жените од двете групи дводневни диети, изгубиле 4 килограми, два пати повеќе од жените кои биле изложени на класична диета, а изгубиле само 2 килограми.

Стручњаците заклучиле дека ефектот од дводневна диета се пренесува и на останатите денови кога жените јаделе нормално. Се чини дека жените продолжиле да јадат здраво и во останатите пет дена кога немале ограничувања, т.е. природно јаделе помалку од вообичаеното.

Write A Comment