Резултатите се феноменални, а сите состојки се природни…
Луѓето обично бираат рецепти кои им се вкусни и така спојуваат убаво со корисно, но како и се останато она што не е убаво ни на вкус ни на изглед, обично е најделотворно.
Овој рецепт е баш таков, но ќе се воодушевите од резултатот!
Потребно:
- 1 лажица јаболков оцет,
- исцеден сок
- изрендана кора од лимон,
- малку мелена лута пиперка и
- 240мл. вода
Секоја од овие состојки има своја улога:
Мелена пиперка
Помага при варење на храната, го убрзува метаболизмот и стимулира согорување на мастите.
Лимон
Го забавува таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое ги согорува наталожените мрснотии.
Јаболков оцет
Помага при разлагањето на мастите во организмот.
Подготовка:
Водата загрејте ја до зовривање и со неа попарете ја изренданата кора од лимонот. Оставете да стои 10мин., за кората да ги испушти своите корисни својства, потоа додасдете го јаболковиот оцет, лимоновиот сок и мелената лута пиперка, измешајте го со лажиче и оставете го да се излади.
Употрба:
Пијте пред и после секој оброк, а пред секое конзумирање измешајте го напитокот, а по желба можете да додадете лажица мед.
