Cafe Del Mar

Фитнес препораки за почетници

Почнувате да тренирате, а потоа се откажувате и сте неактивни со месеци, па потоа некако ќе се натерате повторно да почнете и така постојано се движите напред – назад во круг. Како можеме овој пат да започнеме навистина да тренираме и да бидеме упорни во тоа физичката активност да стане дел од нашиот секојдневен живот?

ПРЕПОРАКА # 1

Како и од каде да започнеме?

Започнете од точката во која моментално се наоѓате. Пронајдете ја активноста што ја сакате, усогласете ја со досегашниот распоред, избегнувајте да се приспособувате кон вежбањето и целосно да ги менувате вашите обврски поради тренингот. Ако воопшто не сте биле физички активни, избегнувајте да си го задавате темпото на спортистите и секојдневни исцрпувачки вежби. Златното правило за почетници е тренинг три пати неделно во траење од околу 45 минути, а како задолжителен детаљ, вежбањето треба да биде активност што ја сакате и во која што ќе уживате.

„Ако сакате да ги отстраните масните наслаги од стомакот, немојте да се убивате од правење стомачни вежби, туку вежбајте редовно, правете тренинг на целото тело, со намалена исхрана, т.е. намален внес на калории и ве уверувам дека резултатот нема да изостане.“ @ nadafitt

ПРЕПОРАКА # 2

Дали кратките тренинзи се ефикасни (10-20 минути)?

Да, се разбира дека можат да бидат. Пократките тренинзи во погледот на мотивацијата се поефикасни од долгите, исцрпувачки тренинзи. Доколку зборуваме за здравствениот и рекреативниот фитнес, секој вид на физичка активност се смета и носи корист со себе. Долгорочно гледано, за стекнување на навика всушност поефикасни се пократките тренинзи кои не условуваат одредено место и време.

Во тој случај, изговорот „немам време“ не е објективен.

„Прифатете ги повремените неуспеси како попатни лекции кои се само дел од патот“. @ nadafitt

ПРЕПОРАКА # 3

Јаглехидрати – да или не?

Јаглехидратите се од големо значење за правилното функционирање на организмот во целост. Тие најмногу се наоѓаат во прехранбените производи кои најчесто треба да се внесуваат, како што се овошјето, зеленчукот, житарките, а засега нема официјално научно истражување кое го потврдува фактот дека јаглехидратите треба да се намалат. Секако, ќе го прилагодите внесот на овие производи во однос на вкупниот дневен внес, но самата теорија на исклучување на јаглехидратите или било која друга хранлива состојка не е оправдана од официјалната наука.

За да бидете сигурни дека квалитетно се храните, тргнете од идејата дека вашиот дневен внес треба во поголема мера да се заснова на нутритивно квалитетната храна, а дозволете си и по неко залче посиромашно  нутритивна храна, и тоа во вистинска смисла на зборот ќе претставува рамнотежа и пример за долготрајна одржлива здрава исхрана.

Write A Comment