Најдобриот начин за да се ослободите од токсините е многу едноставен: многу и многу и многу вода. Но, вие не мора да пиете вода без ништо; можете да додадете малку вкус, особено со овие вкусни (и одличен за детоксификација!) додатоци.
Во голем бокал или во шише за вода истурете ги сите состојки, оставете ги преку ноќ и пијте го следниот ден за ефикасна детоксикација! Имено, најдобро е да се додаде / натопи во водата и да се остави преку ноќ во фрижидерот за да може вкусовите да се стопат.
- Лимон: само лимон и вода претставуваат силен детоксичен пијалок; Сок од лимон помага да се расчисти и алкализира телото. Додајте парче од лимон во голем бокал или исцедете свеж сок од лимон во шишето.
- Нане: Нане му дава на водате сладок вкус без шеќер, исто така помага да се смири стомакот и да се подобри варењето, што е добро за здравјето.
- Краставица: Водата со краставица не е резервирана само за болници и бањи. Додавањето на неколку парчиња краставица во вашата вода ќе го направи одлично за рехидратација, а покрај тоа краставицата има и антиинфламаторни својства како дополнителен корист за телото.

- Ѓумбир: Овој вкусен корен помага да го исчистите вашиот организам, помага и во варењето. Сосема доволно е малку од овој зачин, па доволно е да додадете неколку тенки плочи во водата. Прочитајте и зошто ѓумбирот е корисен за вашето здравје!!
