Cafe Del Mar

Кој и зошто треба да вежба на празен стомак

Научниците велат дека ќе добиете најдобри резултати ако тренирате на празен стомак. Но, тоа не важи за сите …

Вежбањето на празен стомак на долги стази е добро за здравјето, покажа првото истражување што се занимава со ова прашање.

Експертите велат дека телото по оброк е премногу зафатено со “одговарање” на внесената храната, за да почне да согорува калории.

Ова значи, велат научниците, дека вежбањето после оброк нема да ви помогне да ги отстраните масните наслаги, а покрај тоа, не е добро ни за желудникот да се вежба по јадење.

Имено, за време на тренингот по оброкот, телото ги користи јаглени хидрати како извор на енергија, а не мастите што сакате да ги изгубите. Од друга страна, експертите веруваат дека брзо ќе се ослободите од вишокот масти ако вежбате на празен стомак и на тој начин побрзо ќе изградите мускули.

За целите на ова истражување, научниците анализираа група на дебели мажи кои пешачеа еден час на празен стомак, а другата група пешачеше два часа по обилен доручек.

По вежбањето, на двете групи им земаа примероци од маснотиите и примероци од крв.

Излегува дека масното ткиво побрзо се согорува кај мажи кои пешачеле на празен стомак, иако се согорува дури и кај оние кои јаделе два часа пред вежбање.

Сепак, експертите откриле нешто друго интересно – резултатите од истражувањето не се однесуваат на припадниците на двата пола!

Мажите согоруваат масти побрзо ако вежбаат на празен стомак, додека кај жените тоа е спротивно – препорачливо е да се тренира по оброк.

Write A Comment