Ако имате многу обврски, сигурно ви е тешко да го вклопите редовното одење во теретаната во вашиот распоред. Но, тоа не би требало да ве спречи да вежбате бидејќи постојат многу ефикасни вежби кои траат половина час или помалку.
Тренерот Chad Driscoll открил дека постојат шест опции на вежби, нему омилени, меѓу кои ги преферира тие со едно парче додатна опрема и вежбите за сила.
“Повеќето од моите клиенти се професионалци во светот на бизнисот и зафатени родители кои немаат дополнителни два часа на ден за да ги поминат во салата. На нив им се потребни брзи тренинзи “, напиша тој заедно со графички приказ на ефикасните и брзи вежби.
Покрај вежбите со едно парче дополнителна опрема, како што се теговите, за ефикасен го смета HIIT кардио тренингот, спринтот, получасовниот тренинг и циркуларниот тренинг.
“Навистина доволни се 30 до 45 минути за да направите нешто ефикасно за вашето тело”, рече Дрискол.
