Cafe Del Mar

ПОРАДИ ОВА треба почесто да јадете круши

Крушите се одгледуваа уште пред 3.000 години, а за време на францускиот крал Луј XIV. тие беа симбол за луксуз.

Денес тие се користат за подготовка на солени и слатки јадења, а поради природниот извор на фруктоза некои ги користат за подготовка на десерти наместо шеќер.

Ако купите недозреани круши, ставете ги во хартиена кеса и на собна температура и ќе го забрзајте целиот процес. Од друга страна, избегнувајте пластични кеси, бидејќи тоа ќе предизвика гниење на плодот.

Еве зошто крушите се толку прекрасно овошје:

Поттикнуваат варење

Тие се богати со влакна кои ја подобруваат работата на цревата, и совршено се комбинираат дури и со солени јадења.

Го заштитуваат срцето

Тие се сметаат за добра превенција во борбата против дијабетес тип 2. Покрај тоа, тие ги намалуваат нивото на лош холестерол во крвта, го штитат срцето и крвните садови.

Го зајакнуваат имунитетот

Крушите се богати со витамини Б и Ц, тие се добар извор на железо, калциум, калиум и бакар и ги олеснуваат воспаленијата во организмот.

Ги спречуваат проблемите со видот

Крушите го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација. Морковот не е единствениот плод што ги штити очите.

Тие помагаат при слабеењето

Во 100 грама круша има околу 80 калории, и затоа припаѓа на групата на плодови со малку поголема калориска вредност. Иако станува збор за слатко овошје, неговата умерена конзумација се препорачува и за луѓето кои се на диета или сакаат да ја задржат својата тежина, како што пишува Pun kufer.

Write A Comment