Cafe Del Mar

ПОРАДИ ОВИЕ РАБОТИ не слабеете успешно

Слабеењето не ви оди, иако се обидувате – внимавајте да не јадете премногу доцна, ги исфрливте јаглеродхидратите, пиете доволно вода, се движите повеќе од порано, но килограмите остануваат?

Веројатно ве мачи некоја од овие пет работи:

Активност – иако воведовте повеќе движење од порано, ако работите седечка работа и патувате со автомобил или со автобус, треба да го интензивирате вежбањето или движењето. Се препорачува дневно да се направат најмалку 10.000 чекори, но ако сакате да ги симнете килограмите, пожелно е многу повеќе. Запишете се на аеробик или трчајте.

Грицкање – можеби мислите дека сте внимателни во броење на калории и при изборот на здрави оброци, но според тврдењата на д-р. за психијатрија и нутриционистката Meline Jampolis  која работи со лица со поголема телесна тежина, можеби имате калорична амнезија. “Луѓето често забораваат на малите залчиња што ги земаат меѓу јадењата, а кои можат сериозно да го успорат слабеењето”, вели Јамполис.

Лекови – постојат лекови и витамини чиј несакан ефект е зголемување на апетитот, а други пак го забавуваат дигестивниот тракт или ја задржуваат водата во телото.

Пауза од диета – ако го практикувате ова, можеби земате преголема пауза и премногу јадете за време на викендот. Пробајте да бидете дисциплинирани.

Спиење – можеби ќе ви се чини дека не е поврзано, но сонот влијание врз килограмите. Возрасните кои премалку спијат имаат 55 проценти поголем ризик да станат подебели, од оние кои спијат доволно. Квалитетниот сон  од најмалку седум часа е неопходен за добро здравје и здрави килограми.

Write A Comment