Cafe Del Mar

ПРОБАЈТЕ ЈА ДИЕТАТА 5/2 бидејќи можеби токму таа е идеална за вас

Диетата е збор кој што многу брзо ќе завладее со интернет пребарувачите, дали поради оние кои сакаат да се подготват за преполните празнични трпези и да ги дочекаат послаби, или поради оние кои веќе се подготвуваат за послепразничното симнување на вишокот на килограми.

Затоа ви претставуваме една диета која ќе ве воодушеви и можете да ја применувате и во деновите на прејадување и уживање во храната – диетата 5/2.

Диетата 5/2 подразбира да јадеме нормални количини на храна пет дена во неделата, а да го намалиме дневниот внес на калории во останатите два дена на само 500 за жените, односно 600 калории за мажите.

На овој начин телото не чувствува стрес поради постојаното гладување и не собира додатни калории.

Всушност, така во текот на денот кога внесуваме помалку калории едноставно го согорува сето она што се насобрало во останатите пет дена. Ништо не се задржува и метаболизмот значително се забрзува, па килограмите се топат.

Се разбира, тоа не значи дека можете да јадете неумерено за време на петте дена нормална исхрана. Би требало да ја исфрлите брзата храна, пекарските производи и храната богата со шеќер. Предност треба да му дадеме на зеленчукот, немрсното месо, интегралната тестенина и оризот и овошјето.

Се покажа дека повремениот пост има позитивно влијание врз здравјето. Делува позитивно врз шеќерот во крвта и притисокот и го нормализира нивото на холестерол во крвта.

Диетата 5:2 го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест, туморот, дијабетесот и  срцевите заболувања, а позитивно делува врз концентрацијата и работата на мозокот.

Write A Comment