Cafe Del Mar

Со овие три навики, слабеењето е загарантирано

Експертите тврдат, дека до успешното, најефикасното и долготрајното губење на килограмите се стигнува со промена на животниот стил и некои навики.

Доказ за тоа им пружа испитувањето во кое учествувале жени, кои драстично ја намалиле својата телесна тежина, а кои најчесто им давале слични совети на лицата кои сакале да ослабат на здрав и ефикасен начин.

Секоја од овие жени, ги навела промените кои што ги направила врз животниот стил и навиките, како основен чекор во борбата против вишокот килограми. А со промена на овие навики, важна е и свесноста дека овој процес трае долго, но тоа е единствениот здрав начин да ослабите успешно.

  1. Ги бротите калориите кои секојдневно ги внесувате

Ако ја следите калориската вредност на она што го внесувате во организмот и следите колку калории се трошат при вашата физичка активност, секогаш ќе можете да знаете колку уште калории можете да јадете..

  1. Дозволете си еден ден во неделата, кога ќе можете да го јадете својот омилен десерт

За да останете верни во својот нов начин на живот и исхрана, потребно е одвреме-навреме да ги задоволите потребите за одредени видови храна што сте ги отфрлиле. Ако премногу долго ги отфрлате, може да се случи да се откажете, а потоа тешко ќе се вратите на вистинскиот пат. Затоа понекогаш дадете си пауза на себеси, а наредниот ден продолжете да јадете по својот режим и без отстапки.

  1. Вежбајте најмалку 5 дена во неделата

Воведете тренинг од еден час и осмислете го така што подеднакво ќе ги оптоварите сите групи на мускули. Комбинирајте ги различните типови на тренинзи и обидете се да бидете активни најмалку 5 дена во неделата и резултатите нема да изостанат.

Секоја од овие жени мотивацијата за успех ја најде во себе, кога ги виде првите резултати. Секоја од нив успеала да се победи себеси и да стане нова личност. Низ тоа патување можете и вие да поминете, ако навистина сакате!

Write A Comment