Истражувањата откриваат врска помеѓу зголемениот напор при кардио-тренингот и витаминот Д …

Кога ќе настапи зимскиот период, многу фактори влијаат врз нас. Првенствено, денот е пократок, имате помалку време на располагање за трчање надвор (и сигурно дека вежбањето надвор е многу попријатно и попродуктивно отколку вежбањето во затворен простор).
Исто така, не може да се игнорира фактот дека надвор е ладно, што попрво ќе ве насочи кон удобноста на вашиот дом, завиткани во ќебе, а можеби и една чаша вино, чај или кафе, отколку да ве мотивира да излезете надвор и да тренирате – тоа е далеку од вежбање …
Во прилог на овие факти, науката, исто така, дава причини зошто луѓето повеќе се мачат со тренингот во зима. Витаминот Д е оној што значително влијае врз луѓето, дури и кога станува збор за тренинг.
Како што знаеме, главниот извор на витамин Д е сончевата светлина, која ја има во помала мера во зима, што во крајна линија може да влијае врз нашите тренинг способности.
Со цел да се преиспита оваа теорија, научниците за испитаници имаа 1.995 луѓе, на возраст од 20 до 49 години, имајќи в предвид нивото на витамин Д да биде просечно кај групата. Тие го забележуваа нивото на потрошувачка на кислород како втор фактор.
Научниците откриле дека една четвртина од оние со највисоко ниво на витамин Д се значително поспособни за тренирање отколку оние со пониско ниво на овој витамин. Овие резултати се значајни, но останува да бидат разгледани подетално со клиничките испитувања за да се потврди оваа врска.
Д-р Амар Мараван рече дека оваа воспоставена врска помеѓу витаминот Д и тренингот и за мажите и за жените, без оглед на возрасната група, етничката припадност, индексот на телесна маса, како и фактот дали се пушачи, без разлика дали тие имаат висок крвен притисок или дијабетес.
Ако не сакате недостатокот на сонце и витамин Д да влијае врз вашата способност за тренинг, воведете храна богата со витамин Д, како што се сирењето, јајцата, туната, скушата, лососот. А, исто така, можете да резервирате одмор на некоја сончева дестинација, па да го надокнадите и да ги надополните резервите од овој витамин!
