Cafe Del Mar

Како може вашиот тренинг да прерасне од обврска во омилена форма на релаксација?

Зимата е обично оној период од годината, кога скоро сите од нас се дебелеат, поради начинот на живот, во кој храната е многу достапна, а секоја желба, за било каков вид на физичка активност, се заборава.

А тогаш, во некој сосема неодреден момент почнува да се пали црвено светло и единствена окупација ни станува тоа како ефикасно да се изгуби вишокот на килограми.

Колку и да ве советуваме за здравиот начин на исхрана, тоа нема да помогне доволно, бидејќи во случај да го поминете целиот ден на работа или седите и се одмарате дома, вие нема да го согорите, дури и намалениот внес на калории.

Здравата исхрана ќе ви помогне во процесот на согорување на мастите и подобрување на виталноста на телото, но тоа нема да ве доведе до посакуваните резултати, кога е во прашање губењето на тежината.

За ефикасно да се изгуби телесната тежина и да ја доведете вашата фигура до форма на совршенство, потребно е да се вежба редовно, за да ги согорите калориите кои ги внесувате дневно, да ослабнете и на здрав начин да ги стопите масните наслаги и да изградите мускулна маса.

Меѓутоа, проблемот лежи во фактот дека повеќето од нас, навикнати на пасивен начин на живот, тренингот не го гледаме како начин на релаксација и нешто позитивно, што му одговара на организмот, туку како мачење.

Write A Comment