← НАЗАД НА БОЗА

Совети за убавина: утрински навики што ѝ штетат на нашата кожа

Совети за убавина: утрински навики што ѝ штетат на нашата кожа
208 Читања

Иако мислите дека вашата утринска рутина е беспрекорна, постојат некои утрински навики кои едноставно не и одговараат на кожата и ја прават да изгледа постара отколку што е.

Без разлика дали станува збор за lifestyle или beauty навики, ние треба да смениме некои од нив, ако сакаме нашата кожа да изгледа здраво и сјајно, а пред се за да го зачуваме младешкиот изглед.

  • Не вежбате

Освен што утринскиот тренинг ќе го покрене вашето тело и метаболизам, ќе ја стимулира циркулацијата и позитивно ќе влијае на природната влага на вашето лице, што е од големо значење за младолик изглед на кожата.

  • Претерувате со шминка

Сакате да ги покриете малите недостатоци со пудра и избирате пудра со тешка структура, која визуелно ја прави вашата кожа постара.

За да избегнете несакан ефект, изберете хидратантен коректор за да ги покриете помалите недостатоци, додека лицето ќе го покриете со проѕирна пудра, којa нема да создаде ефект на маска.

  • Премногу ја чистите кожата

Сувата кожа е најголемиот непријател на младиот изглед на кожата, така што нема потреба да се отстрануваат природните масти кои кожата ги создава во текот на ноќта.

Идеална нега е темелно да ја исчистите и да ја негувате кожата пред спиење и само да се измиете со благ тоник наутро.

  • Не користите серум

Серумот е многу важен дел од рутината за убавина, бидејќи лесно се апсорбира и длабински ја храни вашата кожа поради неговата лесна структура.

Значи, секое утро, пред нанесувањето на кремот, лесно втријте го серумот во кожата на лицето.

  • Пиете премногу кафе

Иако уживаме во утринското кафе, не треба да претераме со количевството, бидејќи ја суши нашата кожа и ги прави порите повидливи.

Не заборавајте со секоја чаша кафе да се напиете чаша вода за да го хидрирате телото одвнатре.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk