← НАЗАД НА БОЗА

Треба да го знаете ова при изборот на песна за првиот танц

Треба да го знаете ова при изборот на песна за првиот танц
34 Читања

Нашите совети ќе помогнат вашиот прв брачен танц да биде незаборавен. Дојде ред на изборот за песна за првиот танц.

Претпоставуваме дека сакате да им приредите на вашите гости посебно изненадување и да ги израдувате со интересен танц. Пред да се одлучите за песната со која ќе затанцувате во брачните води, послушајте го нашиот совет.

Дали ритамот одговара

Може да звучи банално, но многу е важно песната да не е премногу бавна и монотона, но ни премногу брза и со самото тоа тешка за изведување на кореографијата.

Изберете каков танц сакате

Валцот и класичните танци повеќе не се толку популарни. На свадбите се слушаат помодерни песни или барем комбинација од класични и популарни стилови. Независно од видот на музиката за која ќе се решите, ако кореографијата е покомплицирана, земете неколку часови за танцување и консултирајте се со професионалци.

Не очајувајте ако набрзо не ја пронајдете одговарачката песна

Дали вашата омилена песна е премногу бавна за првиот танц? Најдете верзија или ремикс кој има побрз ритам. Песната е премногу долга? Лесно е да се скрати. Внесете го својот дух во првиот танц и затанцувајте во бракот со насмевка на лицето.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk