Откриено е кога калоричната храна не ѝ штети на линијата.
Постои одредено време во денот кога можете да се почестите со вашата омилена храна, а тоа да не ви го расипе слабеењето.
Секоја диета подразбира откажување од одреден тип на храна, особено калоричните јаглехидрати и масти кои најмногу дебелеат.
Добрата вест е дека постои ситуација во која можете да ја измамите диетата, а да не зажалите односно да не го расипете процесот на губење на тежината.
Од омилените јаглехидрати и масти, како што се пецивата, белите тестенини, сладоледот и путерот, не мора целосно да се откажете ако сте на диета.
Всушност, постои одредено време во денот кога смеете да се почестите со вашата омилена храна, а тоа да не ви го расипе слабеењето. Но внимавајте да не „згрешите“ секој ден.
Најдобро време да ја јадете оваа храна е за време на појадокот, а мастите нема да и наштетат на вашата линија ако јадете во 10 наутро. На овој начин, организмот има доволно време во текот на денот да ги потроши внесените калории.
Ако сакате да ослабете, добро е да ги јадете оброците во одредено време од денот. Појадокот секогаш треба да се јаде во рок од еден час по будењето, ручекот отприлика околу 4 и пол часа потоа, а неколку часа потоа, вечерата.
Ако направите преголема пауза помеѓу оброците, ќе бидете гладни, а колку сте погладни, толку е поголема веројатноста дека ќе ја прекршите диетата и ќе јадете нешто нездраво и калорично.
Обидете се секогаш да ја јадете вечера најмалку три часа пред да одите на спиење, за да не одите во кревет со стомак полн со необработена храна.