Sweet Home

Внесете дел од морето во вашиот дом: Чувствувајте се дома како на плажа!

Со оглед на околностите, оваа година ќе биде тешко да одиме некаде на годишен одмор, но тоа не значи дека не можеме да внесеме дел од морскиот стил во нашиот дом кога станува збор за декорирање.

Лесни материјали, дезени кои потсетуваат на песочни плажи и шарени коктели, егзотични растенија, се само некои од елементите што можат да го внесат морскиот дух во вашиот дом.

1. Лен

Ленени завеси, перници, чаршафи се само некои детали што ќе придонесат вашиот дом да изгледа како оној на море.

2. Егзотични растенија

Палми, монтестера или кактуси.

3. Врамени фотографии или слики во живописни бои

Врамете ги семејните фотографии од морето или закачете слики со мотиви од тоа што ве асоцира на одмор.

4. Перници со морски дезени

Сино – бели или жолто – бели перници, како и оние во природни нијанси, се одличен избор.

5. Јаже

Направете држачи за вазни од јажиња.

6. Плетени корпи

Ставете растение во плетена корпа или наредете ги омилените книги или списанија.

7. Вазни

Вазни со цвеќиња или шишиња може да се користат за да внесат допир на природата во вашиот дом на уникатен начин. Доволно е да изберете интересна гранка и да ја ставите во длабоко шише или вазна.

8. Шарени чинии и чаши

Едноставните бели чинии се монотони. Купете различни чаши(не во сетови) и чинии на пазар и направете свои комбинации.

9. Лулашка

Не само што е совршен детаљ, туку можете да уживате во неа, прочитајте книга …

Напиши коментар