Миленичиња

Дали може кучињата и мачките да нè инфицираат со вирусот корона: Ако имате домашно милениче, мора да ги преземете овие мерки на претпазливост!

Важни информации за сопствениците на миленичиња.

Појавата на вирусот корона предизвика голема вознемиреност и паника кај луѓето ширум светот.

Она што можеме да го сториме е да се придржуваме до препорачаните превентивни мерки и да ја намалиме можноста од инфекција.

Прашањето е дали миленичињата можат да го пренесат вирусот корона на луѓето и какви мерки треба да се преземат?

Корона вирусот е група на вируси кои можат да предизвикаат многу различни болести кај сите цицачи, птици и влекачи, но тоа не е случај со кучиња и мачки.

Миленичињата не можат да го пренесат овој вирус на луѓето.

Некои научници тврдат дека сопствениците на кучиња имаат посилен имунитет од луѓето кои немаат милениче. Кучињата и мачките можат да го добијат вирусот корона, но не е истиот тип што е поврзан со тековната епидемија.

Кучињата и мачките се разболуваат, па дури и умираат од корона, но тоа не е ист вид. Може дури и да биде различен кај кучињата во споредба со мачките.

Исто така, ветеринарот од Хонг Конг, Џејн Греј, објаснува дека е многу добро да имате домашно милениче во куќата во овој стресен период.

„Кучињата и мачките помагаат да се намали високиот крвен притисок кај луѓето и да се ублажи чувството на стрес, а штом се појави стресот, имунолошкиот систем слабее“, објасни Греј.

Секогаш треба да се има предвид дека еволуцијата не е конечна и дека секогаш е можно да се „пробие бариерата на видот на вирусот КОВИД-19 и да премине од човек или друго животно на куче или мачка“.

Поради оваа причина, хигиената треба да се зајакне после секоја прошетка, а на мачките кои повремено излегуваат надвор без контрола, треба да им биде забрането излегување.

Сопствениците на миленичиња треба постојано да бидат информирани за новите научни знаења.

Напиши коментар