Холандскиот ресторан сфатил како да понуди елегантен оброк на отворено за време на кризата со корона – мали стаклени прегради за двајца или тројца кои создаваат интимен простор на терасите на ресторанот.
Келнерите со ракавици и проѕирна маска на долги послужавници носат храна во сепарираните делови за да се оддржи оддалеченоста на гостите во ресторанот.
Иако концептот моментално се тестира само на семејството и пријателите од вработените во ресторанот ЕТЕН, кој е дел од центар за медијатички уметности во Амстердам, тие велат дека изгледа гламурозно, бидејќи гостите уживаат во оброкот под свеќи со поглед на водата.
„Многу е пријатно, убаво е и храната е одлична“, вели Јанита Вермулен, која беше поканета на вечера за проба.
Организаторите го нарекуваат проектот „Специјални оранжерии“.
Холандските ресторани ќе бидат затворени до 19 мај.