Motherhood

Рецепт кој стана ВИРАЛЕН во светот: Колач од ТРИ состојки, без печење!

Се подготвува толку брзо, нема да ви биде тешко да го правите секој ден!

За време на изолацијата, многу се готви, меси и се печеше, а рецептот, кој во последниот месец се здоби со „светска слава“ и стана вирален низ целата планета, има само три состојки.

Состојки:

  • 397 гр кондензирано млеко
  • 400 гр бело чоколадо
  • 100 гр “Lotus Biscoff” (крем од бисквити, можете да го замените со мешавина од путер од кикиритки и крем од чоколадо)

Подготовка:

Растопете го белото чоколадо во млекото на тивок оган. Тргнете го од оганот и измешајте во кремот и по желба додадете мелени бисквити. Истурете во подмачкана тава и израмнете. Кога ќе се стврдне и излади, исечете го на коцки.

Напиши коментар