Motherhood

Родителите прават грешка кога не го следат она што го прават нивните деца на интернет

Она што е важно не е времето што децата го поминуваат на Интернет, туку квалитетот на она што го прават за тоа време.

Активностите што поттикнуваат социјална поврзаност се пожелни од пасивното гледање. Многу студии тврдат дека времето што децата го поминуваат пред екраните е загрижувачко и дека тоа го нарушува менталното здравје.

Со оглед на тоа што децата во моментот поминуваат најмногу време дома, многу родители се откажале и им дозволиле на своите деца да поминат малку повеќе време пред екраните.

Ова значи дека мноштво родители се потпираат на уредите за да завршат некоја обврска околу куќата или да работат, не знаејќи колку уредите, како мобилни телефони, компјутери и таблети му штетат на менталното здравје на детето.

Додека многу родители се опседнати со количината на време што нивните деца го поминуваат пред екраните, квалитетот на она што го прават преку Интернет е всушност многу поважно.

Наместо да им приговарате за времето што го поминуваат пред екраните, проверете што вашите деца „консумираат“ и што прават пред екранот. Квалитетот е поважен од квантитетот.

Психологот од универзитетот Кембриџ, Еми Орбен напиша за „Гардијан“ дека карантинот влијае на деца од различна возраст.

Тинејџерите, кои природно се фокусираат на своите врсници повеќе отколку на нивните родители, најчесто најмногу страдаат. Како резултат, многу родители се грижат за тоа што нивните постари деца „зјапаат“ во телефоните по цел ден. Но, дури и помладите деца поминуваат многу повеќе време до екраните.

Загриженоста на родителите е природна, но всушност не е нешто што науката го поддржува. Она што е важно не е времето што децата го поминуваат на Интернет, туку квалитетот на она што го прават со тоа време. Активностите што поттикнуваат социјална кохезија и создавање се генерално пожелни од пасивното гледање.

„Ги охрабрувам родителите да се грижат помалку за времето што го поминуваат нивните деца на екраните и наместо тоа да се фокусираат на она што го прават во тоа време. Активностите како видео повици со пријателите или играњето Фортнајт со пријателите им помага да бидат колку толку поврзани со пријателите“, напиша Ејми.

Напиши коментар