Иако се откажа од манекенската кариера пред скоро 2 децении, нејзината линија и денес е совршена, на 50 години.
Сметајќи дека е поранешна манекенка, не е изненадувачки што првата дама на САД, Меланија Трамп, ги знае сите мали трикови за одржување на тенка линија.
Се прашувавме која е тајната на врвната форма на Меланија Трамп и откривме дека е едноставна навика што секој од нас може да ја примени.
Иако Меланија се грижи за својот изглед, таа потенцира дека не оди во крајности:
– живеам здрав живот, се грижам за мојата кожа и моето тело, но не претерувам во ништо.
Таа вели дека нејзината витка линија се должи на пијалокот со кој го започнува секое утро. Смути од нејзините омилени состојки и дава доволно енергија за целиот ден и ја одржува сита многу долго време.
Овој пијалок е одличен во контролирање на апетитот, но и при започнување на процесот на слабеење, поради неговите состојки.
Покрај тоа, секогаш кога и да има потреба од слатко и се чувствува гладна, таа го прави овој пијалок.
– Кога чувствувам потреба од слатки, го пијам овој пијалок и после тоа поминува таа желба. Од неверојатна корист е кога станува збор за овие ситуации – рече таа.
Еве го рецептот за пијалакот на Меланија Трамп:
Состојки:
- Свеж спанаќ
- Целер
- Моркови
- Боровинки
- Јаболко
- Исцеден портокал
- Исцеден лимон
- Јогурт со малку маснотии
- Неколку капки маслиново масло
- Чиа семиња
- Витамин Д во капки
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се соединат и пијалокот е подготвен да се консумира.