Карантинскиот животен стил се чини дека ги поттикна луѓето да ги испраќаат – своите голи фотографии.
„Ѝ испратив голо селфи на другарка ми за да ми даде комплимент и да ми ја подигне самодовербата. Таа ми одговори „убиваш, ок, ок, те гледам“. “Бев среќна“, раскажа студенка од САД, Алиша, за BuzzFeed.
А таа дефинитивно не е единствената. Луѓето ширум светот разговараат за тоа како во последно време испраќаат сè повеќе голи фотографии на партнерот, пријателите, па дури и следбеници на социјалните мрежи, сето тоа поради тоа што пандемијата не принудува да ги поминуваме деновите во домашна изолација.
„Во карантин сме само осум дена, зошто сите испраќаат голи фотографии на групни разговори“, е еден од твитовите со кои се потврдува дека голите фотографии ги преплавија апликациите за комуникација.
Зголемување на бројот на голи фотографии се забележува и на Reddit, односно „subreddits“ посветени на објавување на голи слики како што се r/GoneWild, r/PetiteGoneWild, r/Asiansgonewild, r/GWCouples или r/ GoneWild30plus, покажува subredditstats.com.
Модераторите за „subreddit“ на r/GoneWild за „BuzzFeed“ открија дека имаат најмногу објави на 28 март, а дека многу објавувања беа од нови корисници кои никогаш порано не биле присутни таму.
Линдзи (26) открила дека редовно се сликала гола, но сè уште не се осмелила да ги испрати тие слики на некого. „Ги собирам во случај да ми требаат, а воедно чисто за да се забавувам. Сфатив дека може да потрае долго време пред повторно да видам некого, па сакав да направам нешто забавно, да ја задржам таа искра во себе“, призна таа.
“Можам да потврдам дека хомосексуалците ширум светот почнаа да ги споделуваат своите голи фотографии. Моето сандаче е полно со нив”, призна 26-годишниот Џошуа од Мелбурн, а на Твитер може да се најде и името на корисникот Фрањо Иванковиќ, кој се чини дека живее во САД според профилот, но е со потекло од Мостар.
„Поради коронавирусот мојот Снапчет, Гриндр, Тиндер и Кик горат од голи слики и жешки пораки. А и јас им испраќам фотографии од мојот задник“, напиша тој.
„Мислам дека има нешто поразлично во врска со голите селфија направени за време на карантиот затоа што толку многу луѓе можат да се идентификуваат со истото чувство на изолација“, смета еден корисник на „Редит“.
„Ако некој објави пост во кој пишува еве ме, се надевам дека оваа фотографија ќе ти го разубави денот, мислам дека луѓето го ценат тоа“, заклучи тој.