Sweet Home

3 состојки кои прават чуда: Експерт за чистење открива трик за совршено чиста машина за перење!

Со помош на ова упатство за чистење на машината за перење, ќе се ослободите од целата нечистотија.

Детергентот, омекнувачот на ткаенина и нечистотијата се акумулираат во машината за перење, така што треба редовно да ја чистите.

Експертот за чистење, Мелиса Мејкер открива како да го направите тоа најмалку еднаш месечно.

„Ако редовно ја чистите машината за перење, таа ќе трае подолго и ќе се ослободите од мирисот на мувла предизвикана од акумулацијата на детергент и омекнувач на ткаенина“, вели Мелиса Мејкер.

  • Додадете околу две чаши сода бикарбона во празната машина. На овој начин добро ќе ја исчистите внатрешноста и ќе ги отстраните застоените мириси, предизвикани од старите наслаги од омекнувач на ткаенина и детергент.
  • Потоа одберете подолг циклус со топла вода.
  • Кога циклусот ќе заврши, додадете две шолји обичен бел оцет и 10 капки масло од чајно дрво или есенцијално масло од лаванда, кои помагаат при акумулацијата на мувла и минерали, а исто така делуваат и како лесна дезинфекција.
  • Одберте уште еден циклус и поставете го на најдолгата, најтопла програма.
  • Кога ќе заврши, избришете го тапанот и машината со памучна крпа натопена во оцет. Ако дамките останат, обидете се да ги отстраните со сода бикарбона, вода и сунѓер.
  • Потоа исчистете ја надворешноста, вклучувајќи го делот за детергент и омекнувачот на ткаенината.
  • Исчистете ја внатрешната и надворешната врата со памучна крпа, оцет и вода.
  • Недостапните места исчистете ги со четка за заби и сода бикарбона и избришете сè со чиста памучна крпа.

Некои машини за перење имаат специјална опција за чистење. Ако е вашата меѓу нив, можете да го следите горенаведениот протокол со замена на двата долги циклуси на топла вода со два циклуси на „чистење на машината“ што ги има самата машина, пренесува mindbodygreen.

Напиши коментар