Дали некоја серија е доволно добра за да ја изгледаш толку многу пати? Неколку пати, ајде, но 14 пати! Јас не би можела ниту “Friends” да ја поднесам до тој степен!
Серијата што толку многу ја освои Били е ‘The Office’. Оваа серија отсекогаш била популарна, а во последно време сите зборуваат за неа повеќе од вообичаено, сцените се претворени во мемиња, едноставно е невозможно да се заобиколи. Колку е добра, открива и фактот дека оваа 18-годишна пејачка веќе ја погледнала неколку пати. Таа гостуваше во „An Oral History of The Office“, а ја чепнаа и нејзината песна „Мy Strange Addiction“, која го вклучува и звукот од серијата. И тука Били откри дека и покрај тоа што серијата има 9 сезони, таа го изгледала сето тоа „неколку пати“. Точно 14 пати. Вистинска ситница!
Прво ја изгледала кога имала 12 години, и секој пат кога ќе ја пуштела повторно, некои нови работи и станувале појасни. И токму затоа никогаш повеќе не и станало здодевно да ја гледа, а исто така помага и дека серијата е супер забавна.