Free zone

Ја зацврстува и ѝ дава сјај: Природно масло кое е мелем за сува и оштетена коса

Ако вашата коса е сува, оштетена и без сјај, решението за вашиот проблем е маслото од јојоба.

Ова масло е одлично за луѓе кои имаат проблем со мрсна и комбинирана кожа, но добро е и за сува и оштетена коса.

Ова природно есенцијално масло се добива од семето на дрвото јојоба, кое е со големина на зрно кафе, и се состои главно од заситени масни киселини и алкохол.

Јојоба содржи многу важни хранливи состојки, како витамин Е (кој делува како антиоксиданс), витамин Б комплекс, минерали силициум, бакар, хром, цинк и јод.

Ова растение, односно неговото масло е многу важно за нега на косата и скалпот. Стврднатиот себум предизвикува многу проблеми, затоа што ги заглавува фоликулите на косата, а доколку тој себум не се отстрани, фоликулите можат да бидат оштетени. Маслото од јојоба продира до корените на косата, многу брзо го омекнува и раствора зацврстениот себум и со тоа им овозможува на скалпот и фоликулите на косата да ја извршуваат својата функција нормално. Користењето маски за коса со масло од јојоба, заедно со масажа, ќе придонесе за поубав и поздрав изглед на косата, а ќе ја врати и нејзината природна боја и сјај.

Можете, исто така, да додадете масло од јојоба во вашиот регенератор. Ова редовно ќе ја одржува вашата коса здрава, сјајна и силна.

За екстремно сува и оштетена коса, нанесете го ова масло на влажна коса пред да ја исушите. За сува коса, склона кон кршење, може да нанесете јојоба и пред миење.

Напиши коментар