Кога конечно ќе ја пронајдете таа единствена личност со која навистина можете да ја замислите својата иднина, важно е да научите некои работи пред да го направите следниот чекор. Љубовта може да биде заслепувачка и да ве натера да замислите некои работи во вашата глава, кои не се во допир со реалноста. Ако планирате да ја подигнете вашата врска со некоја личност на следното ниво, препорачливо е да добиете одговори на следниве прашања:
Дали би ми го чувал грбот без оглед на се?
Животот честопати нè става пред различни искушенија, па затоа е важно да знаете дали лицето со кое ја планирате својата иднина има намера да биде со вас и кога ќе згусне. Ако некое лице се двоуми додека одговара на ова прашање, тоа значи дека не е сигурен како треба да постапи во тешка ситуација.
Што подразбираш под изневерување?
Изневерувањето има различно значење за сите луѓе. И додека некои сметаат дека сексот со друга личност е изневерување, за многумина, причина за кавга може да биде и ако погледнете во трето лице кое поминува покрај вас. За да избегнете кавги и недоразбирања, погрижете се на време да откриете што вашиот партнер смета за неверство.
Колку искреност мислиш дека е потребна во врската?
Искреноста е најважната работа во секоја врска. Сепак, некои луѓе мислат дека е подобро да чуваат некои работи од минатото за себе, отколку да ги споделат со сегашниот партнер. Други сметаат дека е важно да се каже сè, дури и по цена на раскинување. Во зависност од одговорот на вашиот партнер, ќе знаете дали нешто крие или е целосно отворен.
Што сакаш од оваа врска?
За да ја подигнете врската на повисоко ниво, мора да знаете дека тој ги има истите желби. Ако вашите планови за во иднина се различни, а можеби ќе сакате да се фокусирате на основање семејство додека тој повеќе би се насочил на својата кариера и патувања, важно е да го знаете ова пред да го направите следниот чекор.
Зошто твојата претходна врска не успеа?
Да се зборува за поранешните партнери никогаш не е лесно. Честопати ви се отвораат рани кои долго време се лекувале и доаѓа до непријатна ситуација. Меѓутоа, ако му е тешко на вашиот партнер да одговори на ова прашање, тоа може да значи дека тој сè уште не расчистил со чуствата кон таа личност.